Левица: Суровата реалност на натовска Македонија
Партијата Левица – Локален огранок Охрид, испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Во нашиот ЛО утрово мештани од с.Куратица ни испратија фотографии од куќата на самохрана мајка од селото. Времето за ова еднородителско семејство како да застанало во 18 век.
Додека пратениците и министрите се расфрлаат со народните пари и трошат милионски износи од буџетот за патни трошоци и за апанажа, ова охридско семејство и уште многу други семејства како ова, секојдневно стравува дека секој момент куќата може да им се сруши и тие да останат без покрив над главата.
За жал, животот на обичниот човек во овој гнил систем нема вредност, а корумпираните политичари со своето расипничко трошење на народните пари, го уништија достоинството на обичните луѓе.
Министерството за труд и социјална политика кое е најповикано да ги решава проблемите на социјално загрозените семејства, по се’ изгледа постои само за партиски вработувања на гломазна и нефункционална администрација. Со оглед на тоа што државата ги игнорира оваа категорија граѓани, тие се приморани да молат за помош.
Во каква држава и во каков систем на општествено уредување живееме, сведочат овие фотографии, кои ја најсликовито ја прикажуваат бедата на македонското општество.“ – стои во соопштението од Левица ЛО Охрид.
ВебОхрид / 17.02.2022 / Левица ЛО Охрид