Левица: Време е да се стави крај на неспособните и корумпирани инспекциски служби!
Локалниот огранок на Левица – Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Увидот заврши! Не се знае кој врши градежни работи на езерското крајбрежје во Далјан” – Ова е одговорот што го добија охриѓани после увидот извршен од страна на овластен градежен инспектр од Општина Охрид и државен инспектор за животна средина!
Неоткривањето кој ги врши градежните работи на езерското крајбрежје во Далјан е одлика на неспособното ,,работење” на подмитливите инспекции.
Сведоци сме на безброј вакви сценарија каде инспекциските служби се тотално неспособни. После неуспешниот увид, на локација каде повеке од очигледно е дека со денови се работи на терен, дали истите тие неспособни инспекциски служби помислиле дека единствено нешто што можат да го направат е да дадат оставка.
Зошто се платени одговорните лица кои се задолжени да се грижат за Охридското езеро? Нивната неодговорност, неистрајност и неуспех во спроведувањето на инспекциски увид, зборува за нивната корумпираност.
На Охрид му се потребни нови некорумпирани способни лица!“ – стои во соопштението од ЛО Левица – Охрид.