Лишен од слобода охриѓанец кој извршил кражба во вулканизерска работилница во Оровник
На 18.12.2021 околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ.(36) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во објект на вулканизерска работилница во селото Оровник, општина Дебрца.
Одземените предмети се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 19.12.2021 / СВР Охрид