Лишен од слобода охриѓанец кој при полициска контрола проголтал опаковка со бела прашкаста материја
На 07.03.2025 година во 17:20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид.
Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид.
По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
WebOhrid / 08.03.2025 / СВР Охрид