Лишен од слобода стружанец кој управувал технички неисправно возило
На 30.05.2018 година околу 13:10 часот, при вршење сообраќајна контрола, на ул. „Партизанска“ во Струга полициски службеник забележал пешак со детска количка кој не бил безбедно пропуштен на пешачки премин од страна на патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост и управувано од А.В. (41) од Струга. Тој го запрел возилото и по извршениот технички преглед била констатирана техничка неисправност на уредот за сопирање. На А.В. му бил издаден прекршочен платен налог, по што тој почнал да го навредува, агресивно да се однесува и да му се заканува по животот на полицискиот службеник. По ова А.В. бил лишен од слобода, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.