Лишени од слобода двајца стружани кај кои била пронајдена дрога
На 19.09.2020 год.ина во 01:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода ги лишија Н.Д..(34) и Ј.Т.(23), двајцата од Струга.
При извршен преглед на патничко возило „Мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај Ј.Т. пронајдоа и одзедоа марихуана и бела прашкаста материја, а кај Н.Д. била пронајдена и одземена банкнота со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.