Лишени од слобода две лица од Трпејца поради незаконит риболов
На 25.11.2024 во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ ги лишија од слобода М.П.(43) и А.Б.(42), двајцата од охридското село Трпејца.
Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов“, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри.
По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку, М.П.е познат на службата по извршување кривично дело „незаконит риболов“ и ова е второ лишување од слобода овој месец.
При контроли извршени на 06.11.2024, тој беше затекнат со 101 парче уловена риба Белвица, три рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат.
WebOhrid / 25.11.2024 / СВР Охрид