Лишени од слобода шест лица кај кои била пронајдена дрога во Охрид
Во периодот од 20-ти до 23-ти овој месец, отсекот за криминалистичка полиција при СВР Охрид, реализира мерки поврзани со пронаоѓање лица кои вршат недозволено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Притоа во Охрид, по претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршени се повеќе претреси во домови и други простории, во патнички автомобили како и прегледи на лица. Притоа, пронајдени и одземени се околу 60 грама опојна дрога марихуана, 10 грама хероин, 21 грама амфетамин, 10 грама спид, 10 куршуми и еден револвер, засега непознат калибар.
Овие како и други пронајдени предмети, се одземени со потврда за привремено одземени предмети и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во Скопје. Во рамките на преземените мерки, СВР Охрид од слобода лиши шест лица против кои ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.