23/11/2024
Охрид

Лишени од слобода тројца охриѓани кај кои била пронајдена дрога

На 12.12.2020 во 22,20 часот на паркинг во Охрид од полициски службеници од СВР Охрид биле лишени од слобода С.Б.(23), Н.А.(22) и Ф.В.(24) сите од Охрид бидејќи при извршен преглед на лицата и патничко моторно возило„мерцедес“ со охридски регистарски ознаки во кое се наоѓале лицата била пронајдена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.