Литературен и ликовен конкурс на тема „Нашата животна средина наш генерациски долг“
Во рамки на активностите посветени на 5ти Јуни 2019, светскиот ден на животната средина како една исклучително значајна определба, во рамки на хуманата димензија и хуманите вредности во заштитата на животната средина, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Нашата животна средина наш генерациски долг“.
На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца со дела од поезија, проза и ликовна уметност.
Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, најдоцна до 31 мај 2019 г.
Доставените творби ќе ги разгледува и оценува соодветна комисија, а најдобро рангираните творци по категории: прво до петто одделение; шесто до девето одделение и средно образование, ќе бидат објавени на 03.06.2019 година (понеделник). Наградите ќе се доделат на свечен настан, на 05.06.2019 година (среда).
Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.