Литературен и ликовен конкурс „Животот е убав“ по повод Неделата на грижа за стари лица
Во рамки на активностите за Неделата на грижа за стари лица од 18–24 ноември 2024 г., а со цел развивање на креативната компонента и подигнување на свеста за промоција на хуманоста, солидарноста, почитувањето, убавините на животот и делотворноста кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „ЖИВОТОТ Е УБАВ“.
На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација, со поезија, проза и ликовна уметност. Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: ohrid@redcross.org.mk најдоцна до 22 ноември 2024 година. Доставените творби ќе ги разгледува и оценува комисија и наградените творци по категории: прво до петто одделение; шесто до девето одделение и средно образование и други, ќе се објават на 25 ноември 2024 година, а ќе се доделат свечено на 28 ноември 2024 година во просторија на Црвен крст Охрид.
Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.
WebOhrid / 04.11.2024 / Црвен крст Охрид