Литургија за празникот Сретение на Господ Исус Христос
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 февруари 2018 година (четврток), во црквата „Св. Георги“ – Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение на Господ Исус Христос“.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.