ЛК „Лихнидос“ ги осветли бистата на Прличев и НУ Библиотека Охрид
Членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“ на свој начин ги одбележуваат 6 февруари и 128 годишнината од смртта на поетот Григор Прличев.
Во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ која го носи името на најпознатиот охридски преродбеник, осветлена се спомен бистата и библиотеката.
„Нашиот клуб има одлична соработка со НУ Библиотека “Григор Прличев” и сигурен сум дека ќе продолжиме со исто темпо.
Библиотеката е најзначајниот елемент на урбаното живеење во секој град, а нашата, особено заради локацијата и изгледот на самата зграда, заслужува посебно внимание.” – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, иницијатор на акцијата.