Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент помеѓу советниците
Општина Охрид испрати соопштение во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на општина Охрид.
„Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните.
Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби.
Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења.“ – стои во соопштението од Локалната самоуправа.