МААК: СДСМ и БЕСА која јавно бараше федерализација на Македонија стапија во предизборна коалиција
Политичката партија Македонска Акција (МААК) испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Денеска конечно се оствари она што се очекуваше. Денеска се официјализираше коалицијата за федерализација на Македонија, предводена од СДСМ. Денеска СДСМ и БЕСА која јавно бараше федерализација на Република Македонија со документ стапија во предизборна коалиција.
Коалицијата помеѓу СДСМ И БЕСА е коалиција за исполнување на последната точка од Тиранската платформа, а тоа е федерализација на Македонија. Имено, во програмата на Беса јасно пишува дека партијата е ќе се залага за федерализација и редифинирање на државата со што истата го загрозува уставниот поредок и ја поткопува државноста на Македонија. Денеска, истата партија за реализација на својата платформа гледа поддршката во анационалната СДСМ и потпишува предизборна коалиција. Ги повикуваме македонските граѓани силно да се спротистават на идејата на овие два политички субјекти и казната да им ја испорачаат на 12 април со што нивната идеја за разнебитување на македонската држава ќе биде поразена.“ – стои во соопштението од МААК.