Маглата се врати во Охрид
Маглата повторно се врати во Охрид. Во утринските часови беше забележана појава на густа магла која за среќа полека-полека се расчистуваше. Видливоста беше намалена што претставуваше проблем и за пешаците и за возачите.
Според УХМР појава на магла ќе има денес и утре, ќе преовладува претежно сончево време, со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од -4 до 0 степени, а дневната од 7 до 14 степени целзиусови.
WebOhrid