26/11/2024
Македонија

Македонците во Калгари одржаа протест против изгласувањето на Законот за јазиците

Денес, Македонците во Калгари, Канада, одржаа протест со што го осудуваат изгласувањето на Законот за јазиците.

„Ние, собраните Македонци кои живемее во Калгари, Канада, најостро го осудуваме изгласувањето на законот за јазиците знаејќи дека истиот ќе го продлабочи јазот и етничките тензии помеѓу Албанската заедница и остатокот на Македонското општество. Исто така, бараме од Македонската влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските човекови права за самоиднетификација и го презира дигнитетот и достоинството на Македонската нација каде и да сме. Затоа, бараме Македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето Уставно Име.

ДА Живее Македонија!“

https://youtu.be/OPykVthEsy0