22/11/2024
Спорт

Македонија е европски шампион во Кантер страјк

Македонската е-спорт репрезентација стана европски првак во „Кантер Страјк Глобал Офенсив“, откако славеше по пресврт со 2-1 во финалето против Украина, па така ги обедини европската и светската титула. Македонија минатата година, на 18 ноември стана и светски шампион откако во финалето ја победи Романија со 2-0.

Украина имаше добар почеток на мечот против македонските репрезентативци и славеше со 16-5 на мапата „Даст 2“, меѓутоа потоа се случи пресврт откако Македонија беше подобра со 16-5 на мапата „Мираж“ и 16-13 на „Вертиго“.

Европското првенство во „Кантер Страјк Глобал Офенсив“ имаше награден фонд од 25.000 долари со тоа што освојувачот, односно Македонија доби 10.000 долари.

Македонските херои кои ја израдуваа јавноста се Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Даниел “dan1” Глигоров, Павле “stYleEeZ” Стојановски, Кристиан “Cryveng” Трпкоски.


WebOhrid / 11.07.2022