Македонија ги доби противниците во УЕФА Лигата на нации
На денешното извлекување за најновото УЕФА натпреварување – Лига на Нации, Македонија се најде во групата Д4, каде противници ќе ни бидат Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.
„Наша цел е првото место, ќе играме за да победиме во групата. Ќе одлучува пресметката со Ерменија, но мораме да бидеме максимално мотивирани и подготвени и против Лихтенштајн и Гибралтар. Ќе се сконцентрираме на анализа на противниците, но треба на сите да ни е јасно дека најважни сме ние, ние мораме да бидеме во наше најдобро издание. Се надевам дека ќе бидеме здрави и целосно ќе се фокусираме на натпреварувањето. Верувам во квалитетот и карактерот на нашите фудбалери бидејќи покажаа дека можеме да се надигруваме и со далеку поквалитетни репрезентации. За успех е потребна поддршка од сите, оваа Македонија тоа го заслужува.“ – изјави селекторот Игор Ангеловски.