Македонија Ѓорче Петров е победник на 30 издание од фудбалскиот Куп на Македонија
Во финалето на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија Ѓ.П. и Струга Трим Љум одиграа 1:1 по 120. минути. По изведување на пеналите 2:0 за Македонија Ѓ.П. Во пенал серијата, Струга Трим Љум не постигна ниту еден гол.
За тимот од Ѓорче Петров ова е третиот наслов во Купот на Македонија. Лавовите по осум години станаа првата екипа која го одбранила трофејот.
Македонија го отвори резутатот со гол од пенал во првото полувреме, израмни Струга со погодокот на Јусуфи во 78. минута.
Првиот обид го имаше составот на Македонија Ѓ.П. Во 4. минута од 20-на метри се обиде Стојков, но шутираше високо над голот на Струга.
Новиот првак во МФЛ, Струга Трим Љум во 18. минута преку Мерџани и две минути подоцна преку Шабани се обиде да го отвори резултатот, но во двете ситуации сигурен беше голманот на Македонија, Стевковски.
Во 27. минута, пенал за Македонија Ѓ.П. По корнерот за Македонија, Попзлатанов шутираше, топката удри во раката на Кочовски, а судијата Стојчевски покажа на белата точка. Капитенот Филип Мишевски ја презеде одговорноста, шутираше по средината од голот и донесе предност за својот тим од 1:0.
До крајот од полувремето, Струга Трим Љум имаше поголем посед, но не создаде вистинска прилика за израмнување на резултатот.
Во првите дваесетина минути од вториот дел, Македонија Ѓ.П. беше поблизу до удвојување на предноста, отколку Струга до израмнување. Најпрвин биеше Воша, а потоа во одлични позиции беа и Фазли и Стојкоски, но нивните удари успеа да ги одбрани Кјосевски.
Бесарт Ибраими ја имаше најдобрата шанса за израмнување во 57. минута, но најдобриот стрелец во МФЛ, шутираше лошо од одлична позиција во шеснаесетникот на Македонија.
Сепак, во 78. минута, израмнување на резултатот на 1:1. Бојку нафрли по кратко проигрување од корнер, шутираше најпрвин Радиќ, одлично интервенираше Стевковски, но одбиената топка во голот ја смести Јусуфи за израмнување на 1:1.
Во 85. минута, со глава шутираше Радески, а до крајот немаше сериозна шанса за погодок на двете страни.
Во првото продолжение за одбележување е ударот и шансата на Самаке за Македонија во 102. минута, а минута подоцна не беше прецизен Буњамин Шабани на спротивната страна. Во вторите 15. минути, не видовме прилика за погодок пред двата гола.
Во пенал рулетот, Таири од Струга Трим Љум шутираше над голот во првата серија. Мишевски не беше прецизен во првата серија кај Македонија Ѓ.П. Одбрани Кјосевски.
Во втората серија, Марјан Радески ја погоди пречката за Струга. 1-0 во пенал серијата за Македонија донесе Есмин Личина.
Во третата серија, Незири повторно ја погоди пречката од голот на Македонија, а не успеа да погоди Алексовски. Одбрани Кјосевски.
Во четвртата серија, Стевковски го одбрани ударот на Буњамин Шабани, а Скендери погоди за Македониоја Ѓ.П. за славје со 2:0 по изведување на пенали.
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 1. Христијан Стевковски, 4. Филип Мишевски, 5. Бојан Илиевски, 8. Ѓорги Стоилов (Емир Скендери), 10. Арби Воша (75` Да Силва Матеус), 11. Стефан Лазаревиќ, 15. Драган Стојков, 17. Јован Попзлатанов (86` Филип Алексовски), 18. Самир Фазли, 29. Јаго Да Силва, 32. Кристијан Стојкоски (75` Есмин Личина); Тренер: Горан Симов.
СТРУГА Трим Љум: 95. Ведран Кјосевски, 6. Меџит Незири, 9. Бесарт Ибраими (75` Укпа Хоган), 10. Бесмир Бојку, 11. Буњамин Шабани, 16. Бесарт Кривањева, 22. Зија Мерџани, 24. Едис Малиќи (46` Фатјон Јусуфи), 25. Сухељ Мухарем, 55. Сава Радиќ, 77. Валентин Кочоски (66` Фљамур Таири); Тренер: Шпетим Дуро.
WebOhrid / 20.05.2023 / ФФМ