27/11/2024
Македонија

Македонија го презема претседателствувањето со ICMPD во декември

Во рамките на Vienna Migration Conference 2018  што се одржа во Виена на 18-19 Октомври, во организација на ICMPD Mеѓународниот  центар за развој на миграциски политики, државната секретарка на Министерството за внатрешни работи, м-р Магдалена Несторовска оствари билатерална средба со директорот на ICMPD, Михаел Шпенделегер и неговите соработници, во врска со престојното претседателствување на Република Македонија на ICMPD во 2019 година.  На средбата присуствуваше и министерот за дијаспора на Република Македонија, Едмонд Адеми.

Република Македонија ќе го преземе претседателствувањето со ICMPD во Декември 2018 година, и за таа цел на средбата од страна на државната секретарка Магдалена Несторовска беа презентирани и аргументирани предлог- приоритетите на Република Македонија за престојното претседателствување, од аспект на развојот на имиграционите политики.