Македонија ќе биде дел од главната фаза од СП 2025
Македонија славеше над селекцијата на Гвинеја со убедливи 29-20.
Филип Кузмановски одигра уште еден блескав меч во нападот, додека Марко Кизиќ блескаше на голот. Капитенот со 12 гола беше главна фигура на овој натпревар, четири гола постигна Костески, три имаа Ѓоргиев и Павле Атанасијевиќ, а по два пати прецизни беа Џонов, Лазаревски и Серафимов. Кизиќ беше извонреден на голот на Македонија со 14 успешни интервенции.
Македонија својот настап на овој мундијал го продолжува веќе во вторник, кога за противник ќе ја имаме селекцијата на Австрија.
WebOhrid / 20.01.2025 / МОК