Македонија поразена на гостувањето кај Ерменија
Македонската фудбалска репрезентација го претпре првиот пораз во Лига на Нации откако загуби со 4:0 на гостувањето кај Ерменија во еден натпревар на кој имавме чудно судење во наша штета.
Противникот го отвори натпреварот со офанзивно темпо и постојано инсистираа на поостра игра во секој дел од теренот. Во почетните минути Муслиу успеа да блокира еден противнички напад откако убаво се постави во моментите кога домашните се најдоа во изгледна ситуација. Изгледаше дека добро се браниме и не му дозволуваме на противникот да се доближи доннашиот гол, меѓутоа во 12-тата минута се Димитриевски не беше најдобро сконцентриран после ударот на Пицели, а топката му се лизна од раце и заврши зад гол линијата за водство од 1:0 на домашните. Одговоривме со некои напади од кои најветувачка беше акцијата на Барди и Пандев, а откако капитенот убаво асистираше Барди беше грубо фаулиран од позади грб во ситуација еден на еден со протвничкиот голман.
Залудни беа протестите на нашите играчи од кои наместо пенал добивме жолти картони за Пандев и Ристовски. До крајот на првиот дел немаше промена па на пауза отидовме со негатива од еден гол.
Вториот дел го почнавме со офанзивна поставеност кое ни донесе неколку игледни прилики за гол. Најпрво Трајковски беше соборен од противничкиот голман во една друга сомнителна ситауција, но пак немаше пенал. Ерменија можеше да дојде до вториот гол кога Мкихтаријан во 56-тата минута биеше во пречка а на другата страна се наредија три наши шанси од кои можевме и требаше да израмниме. Најпрво во 60-тата минута домашниот голман Аирапетијан го одбрани обидот на нововлезениот Елмас, а три минути подоцна се издвои со друга добра интервенција после слободниот удар на Барди. Домашните ги одржа во игра нивниот голман кога во 65-тата минута реагираше прекрасно на ударот на Трајковски а тоа се покажа решавачки две минути подоцна кога ерменците ги казнија нашите утки. Лошо ја почнавме новата акција после еден гол аут подарувајќи им ја топката на противниците а Мовсисјан пласираше за 2:0. Се обидовме да реагираме откако беа направени три измени, меѓутоа гол дојде пак на наша мрежа. Гхазаријан биеше од слободен удар во 81-та минута а Димитиревски не успеа да ја скроти топката и веќе резултатот гласеше 3:0. Во последните секунди од мечот домашните погодија за 4:0 преку Мкихтаријан. Предходно поради втор жолт картон исклучен беше Елмас.
Ова беше прв пораз на нашата решрезентација во Лига на Нации каде остануваме лидери на групата и од последните два натпревара ни е потребен само еден бод за да го потврдиме првото место.
ЕРМЕНИЈА-МАКЕДОНИЈА 4:0 (1:0)
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Зајков, Ристевски, Адеми, Муслиу, Барди, Алиоски, Трајковски, Пандев, Ристовски, Сировски.
Играа уште: Елмас, Несторовски и Хасани.
Селектор: Игор Ангеловски