Македонија поразена од Хрватска на СП 2019
Македонија го запиша првиот пораз на Светското првенство што се игра во Германија и Данска. Во рамките на третото коло, Македонија беше поразена од репрезентацијата на Хрватска (22-31).
Двете репрезентации во голем дел од натпреварот играа со седум напаѓачи во поле, а Хрватска набргу ја имаше резултатската контрола.
Хрватска поведе со 4-2, Македонија израмни на 4-4, а потоа противникот се одлепи на 7-4 и таа предност беше актуелна подолго време на натпреварот. Најголемата разлика во првото полувреме беше 13-7 во 21 минута, а до полувремето Македонија анулираше еден гол и на одмор се замина со резултат 16-11.
Во вториот дел Македонија се доближи на минус три гола во 43 минута и имаше напад за минус два. Неколку пати бевме на негатива од минус три (16-19, 17-20), но потоа репрезентацијата на Хрватска ја врати својата предност за конечени 31-22.
Дејан Манасков со шест гола и Кирил Лазаров со четири беа најдобрите стрелци на Македонија, додека за селекцијата на Хрватска најефикасен ракометар беше Домагој Дувњак со шест погодоци.
Следниот натпревар нашата репрезентација го игра на 16.01 (среда) во 20:30 часот, а противник ни е европскиот првак селекцијата на Шпанија.