23/11/2024
Спорт

Македонија поразена со 0:4 од Германија

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од фаворитот Германија со 4:0 во натпревар од квалификациите за пласман на Светско првенство во Катар 2022, прв пораз на Благоја Милевски како селектор на нашата репрезентација.

Германците од самиот старт нападна силно по голот на Димитриевски, две добри прилики имаa во воведните минути од мечот.  Димитриевски го одбрани ударот на Кимих со глава, а потоа Зуле од волеј биеше преку голот. Нашите фудбалери успеаа да ја стабилизираат играта.  Елмас изведе корнер од десната страна, Дарко Велковски се обиде со глава, но ударот заврши крај дирекот на Нојер. Најголемата можност во првиот дел ја имаше Тимо Вернер пред самиот крај, неговиот удар со десната нога заврши во статитвата. Македонија се закани преку Елмас, кој си создаде простор, биеше по земја, но неговиот удар го скроти Нојер.

Во вториот дел Германците го засилија темпото на игра, а тоа резултираше со погодок на Хаверц за 1:0. Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер во период од 70 та до 74 минута постигна 2 гола за убедлива предност на германците од 3:0. Конечните 4:0 ги постигна Џамал Мусиала.

Македонија ќе ги игра последните два натпревари во месец ноември. Нашиот национален тим го чека гостување кај Ерменија во Ереван и домашен натпревар против Исланд.

Македонија: Столе Димитриевски, Стефан Ристовски (к) (Стефан Ашковски), Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езџан Алијоски, Тихомир Костадинов (Кире Ристевски), Бобан Николов (Ердал Ракип), Аријан Адеми (Стефан Спировски), Елиф Елмас, Адис Јаховиќ (Бојан Миовски), Дарко Чурлинов;