Македонија загуби од Грузија во третото коло од групата во Лига на нации
Репрезентацијата на Македонија на домашен терен загуби од Грузија со 3:0во натпревар од третото коло од групата во Лига на нации. Грузија освои максимални девет бодови по три меча, нашата селекција е на второто место со четири бода. Гибралтар и Бугарија одиграа 1:1 на вечерашниот меч од нашата група.
Македонија беше таа што напаѓаше во Скопје, посебно во првото полувреме, но неколку одлични прилики не успеавме да реализираме.
Ристовски, потоа Барди имаа свои обиди, но одбранта на Грузија одлично блокираа. Потоа, во 17. минута добар шут испрати и Трајковски, но не беше прецизен.
Македонија ја имаше најдобрата шанса кога Елмас биеше по проигрување на Трајковски, но, Лориа беше поставен на вистинско место. Во 40. минута, Елмас имаше нова можност, но повторно шутираше во голманот.
Во второто полувреме, во 52. минута, Грузија дојде до предност со голот на Зивзиваѕе, а десет минути подоцна, Кваратшкелија со ефектен шут од 25 метри го изненади Столе Димитриевски. Во финишот на мечот, по прекин конечните 0:3 ги постави Китеишвили во 84. минута.
WebOhrid / 09.06.2022 / ФФМ