Македонистички денови во МАНУ, промовиран портал со дигитални ресурси на македонскиот јазик
На конференцијата учествуваат светски познати македонисти, како што се проф. Татјана Вендина од Руската академија на науки, проф. Јан Соколовски од Полска, проф. Ирена Савицка од Институтот за славистика при Полската академија на науките и проф. Мотоки Номачи од Универзитетот во Хокаидо, Јапонија. Манифестацијата има за цел да придонесе во научната обработка, системското проучување и меѓународната афирмација на македонскиот јазик, со што ќе се обезбеди споредливост на резултатите и нивна апликација на пошироко меѓународно ниво.
Како своевиден куриозитет на манифестацијата се смета настапот на професорот Номачи, кој за првпат го претставува ракописот на необјавената „Граматика на македонскиот јазик“ од акад. Самуил Б. Бернштејн, која е напишана во 1947 година и која повеќе од 70 години се сметаше за загубена.