Македонската делегација подготвена за свеченото отворање на ЛОИ Париз 2024
Македонската делегација предводена од знаменосците Мила Релиќ и Дарио Ивановски се упати кон центарот на Париз каде што ќе присуствуваат на дефилето од отворањето на ЛОИ Париз 2024.
Овојпат, несекојдневна локација, на брегот на реката Сена, спортските делегации ќе поминат на чамци.
Над 10 илјади спортисти со чамци ќе ја минат 6 километарската делница и ќе бидат на местото каде ќе биде запален олимпискиот оган кој полека се доближи до „епицентарот“.
WebOhrid / 26.07.2024 / МОК