25/11/2024
Спорт

Македонската репрезентација останува на 74 место на најновата ФИФА рејтинг листа

По победата над Лихтенштајн со 4:0 во квалификациите за Светско првенство, но и по поразот од Германија со 0:4 репрезентацијата на Северна Македонија остана на 74 место на најновата ФИФА рејтинг листа.

На врвот од ФИФА рејтинг листата се наоѓа водечката тројка Белгија, Бразил и Франција.

Следните два натпревари македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра во ноември. Најпрво на 11 ноември во гости против Ерменија, а три дена подоцна на 14 ноември во Скопје гостува репрезентацијата на Исланд.

WebOhrid