Макрадули се сретна со српскиот министер за животна средина
Денеска во Бон, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули остври билатерална средба со министерот за заштита на животната средина на Република Србија, Горан Триван.
На средбата се разговараше за зајакнување на заедничката соработка во областа на заштитата на животната средина, како и за подготовки на имплементација на потпишаниот меморандум за соработка. Беа отворени прашања и за олеснување на комуникацијата на нашите стопанственици и деловната заедница.