Малолетни лица затекнати при консумирање алкохол
На 09/10.07.2022 година од 22:00 до 03:00 часот, спроведувајќи мерки од кампањата „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од СВР Охрид извршија контроли во угостителски објекти во Охрид.
Притоа, во два угостителски објекти после полноќ се затекнати повеќе малолетни лица кои консумираат алкохол.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик, против правните субјекти ќе биде поднесена пријава.
WebOhrid / 10.07.2022 / СВР Охрид