Малолетничка паднала од мопед и се здобила со тешки телесни повреди
На 10.07.2024 во 20:30 часот во СВР Охрид било пријавено на ул. „Абас Емин“ во Охрид, малолетничка, додека управувала мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот.
Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
WebOhrid / 11.07.2024 / СВР Охрид