23/11/2024
Дебрца

Манастир „Сите Светии“: И народот и Манастирот се оставени на милост и немилост на луѓето кои ја контролираат водата

Од Манастирот „Сите Светии“ – Лешани испратија соопштение до медиумите, во кое  информираат дека состојбата со водоснабдување во моментов и во Манастирот и во селото Лешани е катастрофална.

„Имено, во летниот период сите години уназад, така и оваа, не се известува за рестрикциите за вода кои ги воведува Општината Дебрца и согласно тоа и народот и Манастирот се оставени на милост и немилост на луѓето кои ја контролираат водата.

Ве молиме, како медиуми кои имаат влијание, да ни помогнете во нашата борба да обезбедиме барем минимум вода за достоен живот. Веќе неколку денови и Манастирот и Народот се оставени без вода на овие високи температури. Незамисливо е во 21 век, земја како нашата татковина, која е индустриски и културно развиена, да се соочуваме со проблем на немање вода за основен живот.

Се надеваме дека преку Вас ќе најдеме разбирање за овој голем проблем, зошто кај локалните власти очигледно е дека не постои ниту разбирање, ниту волја за решавање на овој проблем.

Со Божји благослов,“ – истакнуваат од Манастирот „Сите Светии“ с. Лешани, општина Дебрца.

One thought on “Манастир „Сите Светии“: И народот и Манастирот се оставени на милост и немилост на луѓето кои ја контролираат водата

Comments are closed.