МАНУ ја објави Програмата на августовски активности, во рамките на „Научната и уметничка визита – Охрид 2019“
Македонската академија на науките и уметностите ја објави Програмата за летните августовски активности во Охрид, во рамките на “Научната и уметничка визита – 2019” , што се одржуваат во Куќа Уранија-МАНУ.
На стартот на престојниот викенд, во петкок, навечер, од 2о часот, ќе биде претставен поетскиот портрет на Мајо Даниловиќ, од Белград, Србија.
Даниловиќ е еден од најплодните совремнени автори на балканскиот простор, член на Светската Академија за поезија при УНЕСКО, воедно и претседател на Одделот за словенскиот свет.
За неговото поетско дело ќе говори академик Катица Ќулафкова.
На стартот од новата седмица, понеделник, 12 август, исто така од 2о часот, предавање Трифче Сандев, ќе го одржи предавањето “Шест степени одвоеност: мит или светот е навистина мал”?
Следи предавањето на Александар Дединец:”Енергетската политика во Македонија во функција на остварување на одржливиот развој”, на 13 август, во 20 часот
На 13 август, предавање ќе има акад. Љупчо Коцарев, на тема: Разумната неефективност на математиката”
На 20 август, следи промоција на делото “Поети и раскажувачи академици. Антгологија на поети и раскажувачи на Академија а на науките и уметностите на Косово” (издание на Македонската академија на науките и уметностите), и “Поети академици. Антологија на поети членови на Македонската академија на науките и уметностите” (издание на Академијата на науките и уметностите на Косово).
Научната и уметничка визита – Охрид 2019, завршува на 20 август, со промоција на делото “Улогата на фискалната и на монетарната политика во стабилизацијата на економиите” од академик Таки Фити, претседател на МАНУ.
Промотор ќе биде професор д-р Владимир Филиповски.
Веле Митаноски