22/11/2024
ОхридРеклами

Марино и Викторија најсреќни во наградната игра „Бела зима“ на салоните за мебел „Гир Риг“ (Фото/Видео)

Марино Гогов од Охрид и Викторија Робевска од Битола се добитници на вредните награди во рамките на денешното извлекување на наградната игра „Бела зима“ на салоните за мебел „Гир Риг“.

Водечкиот продавач на мебел во регионот во текот на изминатиот месец ја организираше наградната игра за своите купувачи во Охрид и Битола.

Image may contain: one or more people, table and indoor

Можност за учество имаа сите купувачи со направена сметка од над 5.000 денари во салоните во Охрид и Битола.

Извлекувањето се одржа денес во салонот во Охрид, со директен видео пренос во живо на официјалната Facebook страна на „Гир Риг“, со екипата на Супер радио.

Оваа година компанијата „Гир Риг“ го прослави 24-тиот роденден. Започна со работа во далечната 1994. година, скромно и во салон на само 80 м2 и со само неколку вработени.

„Со постојана грижа за купувачите, зголемување на асортиманот, успеавме да ја заслужиме нивната доверба што резултираше и со зголемен обем на работа и проширување на компанијата. Во 2004. година се преселивме во сопствени простории на преку 2.500 м2. Низ годините „Гир Риг“ прерасна во сериозна и општествено одговорна компанија, која е нераскинлив дел од животот на градот. Зад нас се години на посветеност, грижа за потрошувачите и продажба на најквалитетни производи. Во 2009. година компанијата отвори салон во Битола, каде по само две години, во 2011. година да бидеме прогласени за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола. Компанијата денес поседува модерен салон во Битола на преку 500 м2,“ информираат од „Гир Риг“.