21/02/2025
Спорт

Марко Трајаноски со историско злато за Македонија на Европското првенство во ММА

Македонија испиша историја на Европското првенство во ММА, кое се одржа во Белград, Србија. Македонскиот репрезентативец Марко Трајаноски, член на клубот Д Стронгест Скопје, го освои првото европско злато за нашата земја, постигнувајќи извонреден успех на најголемата европска сцена во аматерскиот ММА.

Трајаноски беше доминантен во секој дуел на патот кон златото, освојувајќи четири победи против Бугарија, Романија, Украина и Италија за само еден ден.

Овој подвиг е огромен чекор за македонскиот ММА и потврда дека нашите борци се меѓу најдобрите во Европа. Успехот на Трајаноски е само почетокот на уште поголеми достигнувања за македонскиот ММА на меѓународната сцена.


WebOhrid / 19.02.2025 / ММА Федерација