23/11/2024
МакедонијаСтруга

Матноста на водата во Струга се намалува, но сè уште не е безбедна за пиење

Се информираат граѓаните, особено жителите на Струга и околината кои користат вода од градската водоводна мрежа, а во врска со зголемената матност на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, дека во текот на вчерашниот ден и од раните утрински часови екипи на Центар за јавно здравје континуирано го контролираат квалитетот на водата за пиење на неколку мерни места во Струга, со фокус на параметрите матност и резидуален хлор.

Од последните мерења извршени денес (18.11.2017) во 10:50 часот констатирано е потребното и дозволено присуство на дезинфекционо средство (резидуален хлор) во водата, како и значително намалување на матноста во водата, но сè уште матноста е над дозволената граница. Според тоа, сеуште стои заклучокот дека водата за пиење од градскиот водовод во Струга не е здравствено безбедна за пиење.

Екипи на Центарот за јавно здравје остануваат на терен да ја следат состојбата и во координација со инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринасрство на РМ, ќе преземаат соодветни мерки за што ќе биде известена јавноста. Се очекува состојбата да се нормализира во текот на денешниот ден.