26/11/2024
Струга

Матноста на водата за пиење во Струга е во границите на законски дозволените вредности

Состојбата со квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, а поврзано со вредноста на параметарот матност, постепено се нормализира.

Денешните (29.11.2018) мерења на матноста на мерни места во градот Струга и во селата приклучени на градскиот водовод покажуваат дека вредноста за параметарот матност е во границите на законски дозволените вредности.

Во тек се пошироки физичко-хемиски и микробиолошки анализи на земените примероци на вода за пиење во лабораториите на Центарот за јавно здравје Охрид, после што наодите од анализите ќе бидат доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.