23/11/2024
МакедонијаСтруга

Матноста на водата за пиење во Струга е во рамките на дозволеното

Последните анализи на квалитетот на водата по однос на параметарот матност, извршени денес (04.12.2017), од страна на Центарот за јавно здравје Охрид, на примероци на вода за пиење од Градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градскиот водовод Струга, покажуваат дека вредноста за параметарот матност во водата за пиење е во рамки на пропишаните и законски дозволени вредности.

Во тек е комплетна физичко-хемиска и микробиолошка анализа на земените примероци на вода за пиење од Градскиот водовод во Струга, а официјалниот наод од анализита ќе биде доставен до надлежните инспекциски служби, за натамошно постапување.