„Медена земја“ повторно на кино репертоарот во Охрид
Поради зголемениот интерес филмот „Медена земја“ повторно ќе се прикажува на кино репертоарот во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид.
Претставата ќе биде во петок 14-ти и сабота 15-ти февруари 2020 година, со почеток во 20:00 часот. Цената на карта ќе чини 100 денари!
„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
Времетраење: 85 мин.
Режисери: Љубо Стефанов и Тамара Котевска
Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума
Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев
Музика: „Фолтин“
Жанр: Документарен
Возрасна категорија: Сите
Цена на карта 100 денари, почеток 20.00 часот.