Меѓународни успеси на пијанистот Арда Мустафаоглу
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои втора награда на двоетапниот интернационален пијано натпревар за млади таленти кој се одржа во рамки на 19. интернационален пијано фестивал во Анталија, Турција…
Оваа награда следи по учеството на меѓународниот пијано мастер клас на професорот Херберт Кох од 19 до 27 август во Düren (Германија), во рамките на кој, Арда настапуваше на три концерти во Düren, Ахен и Бон. Во периодот кој следува Арда ќе се претстави пред македонската публика со солистички рецитали во Велес, Штип, Струмица, Прилеп и Скопје, а кон крајот на септември ќе настапува и во Касел, Германија. Настапите на Арда Мустафаоглу, меѓудругото се реализирани и со поддршка на Министерството за култура.