Меѓународен ден на астероидите
Во декември 2016 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата A/RES/71/90, прогласувајќи го 30 јуни како Меѓународен ден на астероидите, со цел „секоја година на меѓународно ниво да се одбележи годишнината од експлозијата кај Тунгуска во Сибир, Русија, на 30 јуни 1908 година.“
Меѓународниот ден на астероидите има цел да се подигне јавната свест за опасноста од астероидите и да се информира јавноста за активностите кои што треба да се преземат на глобално ниво во случај на можна закана врз Земјата.
Одлуката на Генералното собрание беше донесена врз основа на предлогот од Здружението на вселенски истражувачи.
WebOhrid