Меѓународен ден на биодиверзитетот
Генералното собрание на Обединетите нации, по резолуцијата 55/201 од 20 декември 2000 година, го прогласи 22-ри мај како меѓународен ден на биодиверзитетот, односно на биолошката разновидност, со цел да се зголеми разбирањето и свеста за прашањата поврзани со биодиверзитетот.
Судбината на човештвото е тесно поврзана со биодиверзитетот – разновидноста на животот на Земјата. Биодиверзитетот е од суштинско значење за одржливиот развој и човековата благосостојба. Тој е од клучно значење за намалување на сиромаштијата и се должи на основните производи и екосистемските услуги што ги нуди.
2018 ја одбележува 25-годишнината од влегувањето во сила Конвенцијата за биолошка разновидност. Од тогаш, Конвенцијата се спроведува преку визијата и лидерството на земјите, невладините и меѓувладините организации, домородните народи и локалните заедници, научната заедница и поединците.
WebOhrid