Меѓународен ден на постарите лица
На 14 декември 1990 година Генералното собрание на Обединетите нации (со резолуцијата 45/106) го назначи 1 октомври за Меѓународен ден на постарите лица.
Тоа беше проследено и со иницијативи како беше Виенскиот меѓународен акционен план на стареењето – кој беше усвоен од страна на Светското Собрание на стареењето во 1982 година, и усвоено една година подоцна од страна на Генералното собрание на ОН.
Во 1991 година, Генералното собрание (со резолуцијата 46/91) ги усвои начелата на ОН за старите лица.
Во 2002 година, Второто Светско Собрание на стареењето го усвои Мадридскиот меѓународен акционен план на стареењето, за да одговори на можностите и предизвиците на стареењето на населението во 21 век и да се промовира развојот на општество за сите возрасти.
Темата на Меѓународниот ден на постарите лица за 2018 е: „Прославување на постарите шампиони за човекови права“ која се залага за:
– Промовирање на правата загарантирани во Декларацијата и што значи тоа во секојдневниот живот на постарите лица;
– Подигнување на видливоста на постарите луѓе како членови учесници на општеството посветени на подобрување на уживањето на човековите права во многу области од животот, а не само на оние што ги засегаат;
– Размислување за напредокот и предизвиците во обезбедувањето целосно и еднакво уживање на човековите права и основни слободи на постарите лица; и
– Вклучување на широка публика ширум светот и мобилизирање на луѓето за човековите права во сите фази од животот.
WebOhrid