23/11/2024
Регион/Свет

Меѓународен ден на среќата

Меѓународниот ден на среќата едноставно е ден за да се биде среќен! Почнувајќи од 2013 година, Обединетите нации го одбележуваат Меѓународниот ден на среќата, како начин да се признае важноста на среќата во животот на луѓето од целиот свет. Во 2015 година ОН започнаа 17 цели за одржлив развој кои бараат да се стави крај на сиромаштијата, намалување на нееднаквоста, како и заштита на нашата планета – три клучни аспекти кои водат кон благосостојба и среќа.

Обединетите нации ги покануваат сите од било која возраст, секоја училница, бизнис и влада да се приклучат на прославата на Меѓународниот ден на среќата.

Светскиот извештај за среќа е значаен преглед на состојбата на глобалната среќа. Извештајот за 2018, ги рангира 156 земји според нивните нивоа на среќа и 117 земји според среќата на нивните имигранти.

Главниот фокус на овогодинешниот извештај, покрај вообичаеното рангирање на нивоата и промените во среќата низ целиот свет, е на миграцијата во и помеѓу земјите.

WebOhrid