Меѓународен ден на танцот
Меѓународниот ден на танцот беше востановен во 1982 година од страна на Интернационалниот совет за танц (CID, Conseil International de la Danse), партнер на УНЕСКО, и се слави секоја година на 29 април. Главната цел на настаните кои се одржуваат на Денот на танцот е да се привлече вниманието на пошироката јавност кон уметноста на танцот.
Интернационалниот совет за танц е надлежен за застапување и поддршка на уметноста на танцот. Тој го промовира Денот на танцот преку својата глобална мрежа на членови.
Интернационалниот совет за танц смета дека додека танцот е составен дел од човечката култура во текот на својата историја, тој е помалку приоритетен од страна на официјалните установи во светот.
WebOhrid