26/11/2024
Регион/Свет

Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка

Во 1994 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 16-ти септември за Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка, по повод денот на потпишувањето на Монтреалскиот протокол во 1987 година, за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка (резолуција 49/114).

Државите се повикани да се посветат на денот за промовирање на активности во согласност со целите на Протоколот и неговите амандмани. Озонската обвивка, кревок штит од гас, ја штити Земјата од штетниот дел на зраците од Сонцето, со што помага за зачувување на животот на планетата.

Контролираната употреба на супстанци кои ја осиромашуваат озонската обвивка и нивното намалување помагаат за заштита на озонската обвивка за оваа и за идните генерации, но, исто така, значително придонесе кон глобалните напори за справување со климатските промени; Освен тоа, ги има заштитено здравјето на луѓето и екосистемите со тоа што го спречува штетното ултравиолетово зрачење да стигне до земјата.

Темата за Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка 2018 е мотивационен собир кој не повикува сите нас да продолжиме со примерната работа за заштита на озонската обвивка и климата според Монтреалскиот протокол. Темата има две конотации – дека нашата работа за заштита на озонската обвивка исто така ја штити климата и дека Монтреалскиот протокол е “кул” договор, како што е примерот со неговиот извонреден успех.

WebOhrid