Меѓународна поддршка за приоритетните реформи на разузнавачките и безбедносните служби предвидени во Планот 3-6-9 на Владата со можност за вклучување на DCAF
Меѓународна поддршка за приоритетните реформи на разузнавачките и безбедносните служби предвидени во Планот 3-6-9 на Владата со можност за вклучување на DCAF
Делегација на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и Заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, одржаа средба со амбасадорот на ЕУ Семуел Жбогар, амбасадорот на САД Џес Бејли, на Велика Британија Чарлс Гарет, на Холандија Воутер Пломп,на Шведска Матс Стафансон, како и амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада.
На средбата се разговараше за заложбите на владата за исполнување на предвидените активности во рамките на Планот 3-6-9 во насока на „Извештајот на Прибе“, а кои се поврзани со реформите на разузнавачките и безбедносните служби.
На состанокот, групата амбасадори од земјите членки на Европската Унија, како и САД, ја презентираа можноста во рамките на идните реформски активности во оваа насока да се вклучи „DCAF“ – (Демократска контрола на вооружените сили) од Женева, посебно во поддршка на процесот на зајакнување на собраниската и судската контрола врз службите.
Амбасадорите на средбата во Владата на Република Македонија искажаа подготвеност на нивните влади да ги подржат овие суштински реформи во Македонија од технички и од финансиски аспект.
Премиерот Заев на состанокот потенцираше дека владата се раководи од идејата реформата во оваа област да биде транспарентна, темелна и сеопфатна и да биде под целосна контрола на институциите.
Претседателот на владата Заев, на состанокот се заблагодари за можноста да се подржат реформите за зајакнување на собраниската и судската котрола на службите преку “DCAF”, истовремено укажувајќи дека и државата е подготвена да ги подржи финансиски овие реформи со сопствени средства, имајќи го предвид значењето во насока на владеење на право, почитување на основните човекови права, како и нивната улога во забрзување на евроинтегративните процеси.