Мицкоски го матираше Заев му ја читаше изјавата дека се колне дека ќе го сочува името кое Заев го смени
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дебатата на Канал 5 телевизија истакна дека Заев не ја зборува вистината, ние сме Македонци како во резерват во 25 илјади квадратни километри, а во светот сме граѓани на новата држава со придавката која што вие ја користите.
-Во рамките на Обединетите нации во личната карта која што вие ја сменивте стоеше македонски јазик и македонски народ, а сега сме граѓани на Република Северна Македонија и самиот факт е што не умеете да го изговорите јазикот на кој зборуваат Македонците во Грција, вели Мицкоски.
Мицкоски ја цитираше изјавата на Заев „Дали е ова ваш став: Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи паметот дека мојот дедо, татко сите мои предци јас и мојот син сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи, не само тоа не верувам дека постои роден човек во Република Македонија подготвен да излезе пред парламентот и да бара промена на Устав заради промена на уставно име ?“, го праша Мицкоски Заев.
Мицкоски праша „Што се случи со жицата Господине Заев, што се случи со македонската жица, се плашите да изустите дека говорите на македонски јазик“, вели Мицкоски.