Мицкоски го посети ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, каде оствари средба со граѓаните
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, каде оствари средба со граѓаните, и партиските членови и симпатизери.
Мицкоски ги сподели ставовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат со актуелната ситуација која владее низ државата, а граѓаните се повеќе ја чуствуваат, лошата економска состојба, секојдневното вработување на партсики членови на СДСМ и роднини на нивните функционери.
„Очигледно непотизмот како канцер се шири и преставува составен дел на Заевизмот, но вистинската хаварија е тоа што позади секој од тие 28 илјади ново вработени партиски луѓе, стои најмалку еден разочаран граѓанин и млад човек, кој учел, се боре низ животот, неговото семејство вложувало и се надевало. Сега кај секој еден од нив помислата е една, како може да ја напуштат државата затоа што со оваа власт тука иднина нема. Тоа е страшната последица на Заевизмот данокот кој го плаќа секој еден граѓанин“, посочи Мицкоски.
Во текот на средбата Мицкоски, граѓаните ги запозна со идеите и кампањата на кандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова, со кој ќе го урне заевизмот, и црнилото кое ја ништи земјата секојдневно. Заевизам како појава што ја има зафатено целата држава според него со три збора и тоа се: кажува, заборава и негира.
„Денеска честита енклава е канцеларијата на претседателот на Република Македонија, само тој не го промени својот назив, не ја промени таблата пред неговата канцеларија, не ја промени електронската пошта итн,“ рече Мицкоски.
Мицкоски исто така ги потсети граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ не му дадоа легиминитет на Преспанскиот договор.
А, за сиот криминал на СДСМ, и за сите нивни грабежи што ги прават, за притисоците, за уцените, за заканите, за сето тоа има закони. И ќе одговараат, кога ќе се промени реалната политичка ситуација во Македонија, од прв до последен, нагласи Мицкоски.
И на крај граѓаните ги потсети дека на 21-ви април народот треба да му го зададе на Заев првиот удар, а на следните предвремени параламентарни избори конечниот удар, со што ќе се стави крај на црнилото кое владее низ земјава.